Genesis 47:14 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
И ги собра Јосиф сите пари што се наоѓаа во земјата египетска и во земјата Хананска, мерејќи им жито, што го купуваа, и ги однесе во домот Фараонов.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И го собра Јосиф сето сребро што се наоѓаше во земјата египетска и во земјата хананска, за житото, што го купуваа, и го однесе Јосиф среброто во домот фараонов.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Јосиф ги собра сите сребреници што се наоѓаа во Египетската Земја и во Ханаанската Земја за житото, што беше продавано, и ги однесе сребрениците во фараоновиот дворец.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
И го собра Јосиф сето сребро што се наоѓаше во земјата египетска и во земјата хананска, за житото, што го купуваа, и го однесе Јосиф среброто во домот фараонов.