Genesis 7:23 — Compare Translations

4 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
И се истреби секое живо суштество, што се движеше на земјата: од човекот до ѕверот, лазачите и птиците небески – сѐ беше истребено од земјата; само Ное остана, и оние, кои беа со него во ковчегот.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И се истреби секое суштество, што живееше на земјата: од човекот до добитокот, и лазачите, и птиците небе­ски — сѐ беше истребено од земјата; останаа само Ное, и оние, кои беа со него во ковчегот.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Беше истребено секое суштество од земјината површина: човекот, животните, лазачите и небесните птици, сè беше збришано од земјата. Останаа само Ное и оние што беа со него во бродот.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
И се истреби секое суштество што живееше на земјата: од човекот до добитокот, и лазачите, и птиците небески – сѐ беше истребено од земјата; останаа само Ное, и оние, кои беа со него во ковчегот.