Hebrews 12:10 — Compare Translations

6 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Зашто тие нѐ казнуваа за малку денови, според тоа како им беше угодно; а Он – за полза, та да учествуваме во Неговата светост.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Зашто тие нѐ казнуваат за кратко време, како што им се чинело најдобро; а Тој — за полза, та да учествуваме во Неговата светост.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Имено, тие нè казнуваа за малку денови, како што им беше угодно, а Тој за наша полза, за да станеме учесници на Неговата светост.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Нашите земни татковци не караа еден кус временски период, како што сметале дека е најдобро. А Бог не кара за наше добро, зашто сака и ние да бидеме свети, како што е и Тој.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Зашто тие нѐ казнуваат за кратко време, како што им се чинело најдобро; а Тој – за полза, та да учествуваме во Неговата светост.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Зашто тие нѐ казнуваа за кратко време, како што им се чинело најдобро; а Тој – за наша полза, за да учествуваме во Неговата светост.