Hebrews 12:2 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
имајќи Го пред очи Началникот и Завршителот на верата – Исуса, Кој, поради Неговата идна радост претрпе крст, откако го презре срамот, и седна од десната страна на престолот Божји.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
имајќи Го пред очи Зачетникот и Довршителот на верата — Исус, Кој, поради Неговата идна радост претрпе крст, занемарувајќи го срамот, и седна од десната страна на престолот Божји.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
гледајќи во Исуса, Почетникот и Исполнителот на нашата вера, Кој, поради радоста што беше пред Него, го претрпе крстот, презирајќи го срамот, и седна оддесно на Божјиот престол.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Погледот треба да ни е вперен во Исус, зашто врз Него се темели нашата вера од почеток до крај. Тој го поднесе срамот кога беше распнат на крст, знаејќи дека Го очекува голема радост и сега седи на почесно место, веднаш до Бог.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
имајќи Го пред очи Зачетникот и Довршителот на верата – Исус, Кој, поради Неговата идна радост претрпе крст, занемарувајќи го срамот, и седна од десната страна на престолот Божји.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
имајќи Го пред очи Зачетникот и Довршителот на верата – Исус, Кој, заради радоста што беше пред Него, претрпе крст, занемарувајќи го срамот, и седна од десната страна на Божјиот Престол.