Hebrews 7:11 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Па така, ако совршенство можеше да се постигне преку левитското свештенство, бидејќи врз основа на него народот доби Закон, каква потреба има да се воздигне друг свештеник по чинот на Мелхиседека, и да се нарече по чинот на Арона?
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Па така, ако совршенство можеше да се постигне преку левитското свештенство, бидејќи врз основа на него народот доби Закон, каква потреба има да се воздигне друг свештеник по чинот на Мелхиседек, наместо по чинот на Арон?
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
И така, ако исполнувањето беше преку левитското свештенство, зашто народот го прими Законот под него, каква потреба би била уште да се издигне друг свештеник по редот Мелхиседеков и да не се наречува по редот Аронов?
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Законот што му беше даден на израелскиот народ се потпираше врз Левитското свештенство. Но да можеа потомците на Левиј да ја исполнат Божјата совршена намера, немаше да има потреба Бог да праќа друг Свештеник од редот на Мелхиседек, а не од родот на Арон.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Па така, ако совршенство можеше да се постигне преку левитското свештенство, бидејќи врз основа на него народот доби Закон, каква потреба има да се воздигне друг свештеник по чинот на Мелхиседек, наместо по чинот на Арон?
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Па така, ако совршенство можеше да се постигне преку левитското свештенство, бидејќи врз основа на него народот доби Закон, тогаш зошто беше потребно да се воздигне друг свештеник, по чинот Мелхиседеков, и да не се нарекува по чинот Аронов?