Hebrews 8:10 — Compare Translations

6 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Но овој е заветот, што ќе му го дадам на домот Израилев по оние дни, вели Господ: ќе ги вложам законите Свои во мислите нивни, и во срцата нивни ќе ги напишам, и ќе бидам нивни Бог, а тие ќе бидат Мој народ.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Но овој е заветот што ќе му го да­дам на домот Израелов во оние дни, ве­ли Господ: ќе ги врежам законите Свои во мислите нивни, и во срцата нивни ќе ги напишам, и ќе бидам нивни Бог, а тие ќе бидат Мој народ.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
зашто ова е Заветот со кој ќе го заветувам Израелевиот дом по оние денови, вели Господ: ќе ги вложам Своите закони во нивниот ум, и ќе ги напишам во нивните срца. Јас ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат Мој народ.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Ова е новиот завет што јас ќе го склучам со израелскиот народ во тој ден: Јас, Господ, ќе ги ставам Моите закони во нивните умови и ќе ги запишам во нивните срца. Јас ќе бидам нивни Бог, а тие ќе бидат Мој народ.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Но овој е заветот што ќе му го дадам на домот Израилев во оние дни, вели Господ: ќе ги врежам законите Свои во мислите нивни, и во срцата нивни ќе ги напишам, и ќе бидам нивни Бог, а тие ќе бидат Мој народ.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Бидејќи ова е заветот што ќе му го дадам на Израилевиот дом во оние денови, вели Господ: ќе ги врежам Своите закони во нивните мисли, и на нивните срца ќе ги напишам, и ќе бидам нивен Бог, а тие ќе бидат Мој народ.