Hebrews 8:9 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
но завет не таков, каков што заклучив со татковците нивни во денот, кога ги фатив за рака за да ги изведам од земјата Египетска – зашто тие не останаа во Мојот завет и Јас ги изоставив, вели Господ.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
но не таков завет каков што склучив со татковците нивни во денот, кога ги фатив за рака за да ги изведам од земјата египетска, — зашто тие не останаа во Мојот завет и Јас ги оставив, вели Господ.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
не онаков каков што склучив со нивните татковци, во оној ден кога ги зедов за рака, за да ги изведам од Египетската Земја, зашто тие не му останаа верни на Мојот завет, и Јас не се погрижив повеќе за нив, - вели Господ.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
поинаков од заветот што го бев склучил со нивните предци, кога водејќи ги за рака ги изведов од Египет. Тие го прекршија Мојот завет, па затоа и Јас им го свртев грбот.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
но не таков завет каков што склучив со татковците нивни во денот, кога ги фатив за рака за да ги изведам од земјата египетска, – зашто тие не останаа во Мојот завет и Јас ги оставив, вели Господ.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
но не таков завет каков што склучив со нивните татковци во денот, кога ги фатив за рака за да ги изведам од египетската земја, – зашто тие не останаа во Мојот завет и Јас ги оставив, вели Господ.