Isaiah 30:6 — Compare Translations

4 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Натоварени животни одат кон југ, по земјата на гнетот и притеснувањето, од каде што излегуваа лавови и лавици, змии и змејови што летаат; тие ги носат на грбот на осли своите богатства и врз грбовите на камили – своите ризници кон народ, кој нема да ми донесе полза.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Пророштво за животните од Негев: натоварени животни одат кон југ, по земјата на маката и бедата, од каде што излегуваат лавови и лавици, змии и змејови што летаат; тие ги носат на грбот на магарињата своите богатства и врз грбовите на камилите — своите ризници кон народ, кој нема да им донесе полза.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Пророштво за негевските животни: Низ земјата на неволја и беда, на лавицата и лавот што рика, на лутицата и на крилестиот змев, тие го носат богатството на плеќите на ослињата, и сокровиштата на грбот на камилата, им го носат на неполезниот народ.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Пророштво за животните од Негев: натоварени животни одат кон југ, по земјата на маката и бедата, од каде што излегуваат лавови и лавици, змии и змејови што летаат; тие ги носат на грбот на магарињата своите богатства и врз грбовите на камилите – своите ризници кон народ, кој нема да им донесе полза.