Isaiah 34:13 — Compare Translations

4 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Дворците нејзини ќе обраснат со трње, а тврдините нејзини – со коприва и пиреј; таа ќе им биде живеалиште на шакалите, сврталиште на ноеви.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Дворците нејзини ќе обраснат со трње, а тврдините нејзини — со коприва и пиреј; таа ќе им биде живеалиште на чакалите, свртилиште на ноевите.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Ќе никне трње во нејзините дворци, коприва и капина во тврдините, таа ќе биде дувло на чакали, легло на ноеви.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Дворците нејзини ќе обраснат со трње, а тврдините нејзини – со коприва и пиреј; таа ќе им биде живеалиште на чакалите, свртилиште на ноевите.