Isaiah 49:6 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
И Он рече: »Малку е, тоа што Ти ќе ми бидеш слуга, за да се подигне племето Јаковово и да се поврати остатокот Израилев, туку Јас ќе те направам светило за народите, за да се рашири спасението од Господа до краиштата на земјата.«
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И Тој рече: „Малку е тоа што Ти ќе Ми бидеш слуга, за да се подигне племето Јаковово и да се поврати остатокот Израелов, туку Јас ќе Те направам светило за народите, за да се рашири спасението од Господ до краиштата на земјата.“
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
И ми рече: ‘Премалку е да Ми бидеш слуга, за да ги подигнеш Јакововите племиња и за да го вратиш Израелевиот Остаток, но ќе те поставам за светлина на народите, за да го донесеш Моето спасение до крајот на земјата.’”
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
И Тој рече: „Малку е тоа што Ти ќе Ми бидеш слуга, за да се подигне племето Јаковово и да се поврати остатокот Израилев, туку Јас ќе Те направам светило за народите, за да се рашири спасението од Господ до краиштата на земјата.“