Isaiah 61:3 — Compare Translations

4 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
да им соопштам на оние што тагуваат на Сион, дека ним место пепел ќе се даде украсување, место плачење – елеј на радост, место опаднат дух – славна одежда; и ќе ги наречат силни со правда, градина на Господа за Негова слава;
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
да им соопштам на оние што тагуваат на Сион дека ним место пепел ќе им се даде украс, место плачење — ми­рисно масло на радост, место опаднат дух — славна облека; и ќе ги наречат да­бови на правда, градина на Господ за Негова слава;
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
да ги развеселам натажените на Сион и да им дадам венец место пепел, масло на радост место облека на жалост, песна благодарница место очаен дух. И ќе ги викаат Дрвја на Правдата, Господов Расад - за Негова слава.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
да им соопштам на оние што тагува­ат на Сион дека ним место пепел ќе им се даде украс, место плачење – мирисно масло на радост, место опаднат дух – славна облека; и ќе ги наречат дабови на правда, градина на Господ за Негова слава;