Isaiah 64:4 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Зашто од секогаш не бевме слушале, не бевме внимавале со увото, и никое око не беше видело друг бог, освен Тебе, којшто направил толку многу за оние, кои на Него се надеваат.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Ти милостиво го пресретнуваше секого, кој се радуваше и кој вршеше правда, кој Те спомнуваше на Твоите патишта. Но, ете, Ти се разгневи, зашто ние одамна грешевме; па како тогаш ќе бидеме спасени?
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Не се чу одвека, ниедно уво не чу, ниедно око не виде, да им направи некој бог, освен Тебе, такво нешто на оние кои се надеваат во Него.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Зашто од века не се чуло, до уво не допрело, и никое око не беше видело друг бог, освен Тебе, Кој направил толку многу за оние, кои на Него се надеваат.