Isaiah 65:20 — Compare Translations

4 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Таму веќе нема да има малолетен ни старец, што нема да ги исполни деновите свои; стогодишникот умира како момче, но умира ли стогодишен грешник, ќе биде проколнуван.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Таму веќе нема да има новороденче кое живее кратко, ни старец, што нема да ги исполни деновите свои; тој што ќе умре на сто години ќе се смета за мом­че, а оној што ќе живее помалку од сто години ќе се смета за проколнат.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Во него веќе не ќе има новороденче кое ќе живее малку денови, ни старец кој не би ги исполнил своите години: најмладиот ќе умре како стогодишник, а кој не ќе доживее сто години ќе биде сметан за проклет.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))