Isaiah 9:1 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Поранешното време ја понизи земјата Завулонова и земјата Нефталимова; но подоцнежното – ќе го возвеличи крајморскиот пат, од онаа страна на Јордан, незнабожечка Галилеја.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Народот, кој оди во темнина, ќе види голема светлина; врз оние што живеат во земјата на смртната сенка, ќе болсне светлина.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Во прво време Тој ја понижи Завулоновата Земја и Нефталимовата Земја, но во последното време Тој ќе го прослави патот покрај морето од онаа страна на Јордан - незнабожечката Галилеја.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Но нема секогаш да има мрак таму, каде што сега тој е згустен. Поранешното време ја понизи земјата Завулонова и земјата Нефталимова; но подоцнежното – ќе го возвеличи крајморскиот пат, од онаа страна на Јордан, незнабожечка Галилеја.