James 1:26 — Compare Translations

6 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Ако некој од вас мисли дека е благочестив, а не го обуздува јазикот свој, туку го мами срцето свое, неговата благочестивост е суетна.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Ако некој од вас мисли дека е по­бо­жен, а не го зауздува јазикот свој, туку го мами срцето свое, неговата по­бож­ност е суетна.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Ако некој мисли дека е побожен, а не го зауздува својот јазик, туку го мами своето срце, неговата побожност е суетна.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Ако се сметаш за побожен, а не го обуздуваш својот јазик, ти само се залажуваш - твојата побожност е безвредна!
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Ако некој од вас мисли дека е по­бо­жен, а не го зауздува јазикот свој, туку го мами срцето свое, неговата побож­ност е суетна.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Ако некој од вас мисли дека е по­бо­жен, а не го зауздува својот јазик, туку го мами своето срце, неговата побож­ност е безвредна.