Jeremiah 17:26 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Па ќе доаѓаат од градовите јудејски, од ерусалимската околина и од земјата на Венијамина, од рамнините, од планините и од југ, и ќе принесуваат сепаленици и жртви, лебен принос, ливан и благодарствени жртви во домот на Господа.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Па ќе доаѓаат од градовите јудејски, од ерусалимската околина и од земјата Венијаминова, од рамнините, од планините и од југ, и ќе принесуваат сепаленици и жртви, лебен принос, темјан и благодарствени жртви во домот на Господ.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
И ќе доаѓаат од јудејските градови, од околината на Ерусалим, од Венијаминовата Земја и од Шефел, од Горјето и од Негев, за да принесат паленици, жртви, лебни приноси и кадење, и за да принесат жртва благодарница во Господовиот Дом.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))