Jeremiah 29:26 — Compare Translations

4 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Господ те поставил за свештеник место свештеникот Јодај, за да бидеш меѓу надзорниците во домот Господен, та секој што беснее и пророкува, да го затвориш и да го ставиш во клада.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Господ те поставил за свештеник наместо свештеникот Јодај, за да бидеш меѓу надзорниците во домот Господов, та секој што беснее и пророкува, да го затвориш и да го ставиш на клада.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
„Господ те постави свештеник на местото на свештеникот Јодај за да бидеш надгледник, во Господовиот Дом, за секој безумник кој се прави пророк да го фрлиш во клади, со железо околу вратот.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Господ те поставил за свештеник наместо свештеникот Јехојада, за да бидеш меѓу надзорниците во домот Господов, та секој што беснее и проро­кува, да го затвориш и да го ставиш на клада.