Jeremiah 3:16 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
И кога ќе се размножите и ќе станете многуплодни на земјата, тогаш, вели Господ, нема повеќе да велите: »ковчегот на заветот Господов; тој ни на ум нема да им дојде, и нема да се сетат за него, ниту ќе доаѓаат при него, ниту пак ќе го има повеќе.«
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И кога ќе се размножите и ќе станете многуплодни на земјата, тогаш, вели Господ, нема повеќе да велите: Ковчегот на заветот Господов, ни на ум нема да им дојде, и нема да се сетат за него, ниту ќе доаѓаат кај него, ниту пак повторно ќе го градат.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
А кога во тие дни ќе се намножите и народите во земјата - Господово слово е - веќе нема да се зборува: ‘Ковчег на Господовиот Завет’ и никој не ќе мисли на него, никој не ќе си спомнува за него, ниту ќе копнее по него, ниту ќе го гради повторно.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
И кога ќе се размножите и ќе станете многуплодни на земјата, тогаш, вели Господ, нема повеќе да велите: Ковчегот на заветот Господов ни на ум нема да им дојде, и нема да се сетат за него, ниту ќе доаѓаат кај него, ниту пак повторно ќе го градат.