Jeremiah 36:14 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Тогаш сите кнезови го пратија при Варуха Јехудија, синот Натаниев, син Селемиев, син Хусиев, да му каже: »Земи го в рака свитокот книжен, што го читаше гласно пред народот, па дојди!« И го зеде Варух, синот Нириев, свитокот в рака и отиде при нив.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Тогаш сите кнезови го пратија кај Варух Јехуди, синот на Нетанија, син Шелемиев, син Кушиев, да му каже: „Земи го в рака свитокот, што го читаше гласно пред народот, па дојди!“ И го зеде Варух, синот Нириев, свитокот в рака и отиде кај нив.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Тогаш сите кнезови ги испратија Јудиј, синот Натаниин, и Селемиј, синот Хусиев, кај Варуха да му речат: „Земи го во раката книжниот свиток од кој што му читаше на народот и дојди!” Тогаш Варух, синот Нириин, го зеде книжниот свиток во раката и дојде кај нив.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))