Jeremiah 38:6 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Тогаш го фатија Јеремија и го фрлија во јамата на Мелхија, синот царев, кој беше во стражарницата, и го пуштија Јеремија со јаже; во јамата немаше вода, туку само тиња, и Јеремија падна во тињата.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Тогаш го фатија Еремија и го фрлија во јамата на Малкија, синот царев, кој беше во стражарницата, и го спуштија Еремија со јаже; во јамата немаше вода, туку само тиња, и Еремија падна во тињата.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Тогаш го грабнаа Еремија и го фрлија во јамата на царскиот син Малхиј, што беше во темничкиот двор, и тие го спуштија со јажиња. Ама во водособиралиштето немаше вода, туку само тиња, така што Еремија пропадна во тињата.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Тогаш го фатија Еремија и го фрлија во јамата на Малкија, синот царев, кој беше во стражарницата, и го спуштија Еремија со јаже; во јамата немаше вода, туку само тиња, и Еремија падна во тињата.