Jeremiah 9:1 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
О, кој ќе даде на главата моја вода и на очите мои – извор на солзи? Јас бев плачел ден и ноќ за убиените на ќерката на мојот народ.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
О, кога некој би ми дал во пустината пребивалиште! Би го оставил мојот народ и би избегал од нив: зашто сите тие се прељубодејци, банда на престапници.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
О, кој би ја претворил мојата глава во воден извор, а моите очи во вруток солзи, дење и ноќе да плачам над загинатите свои ќерки, на својот народ!
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
О, да ми беше главата извор, а очите кладенец на солзи, па да плачам ден и ноќ за убиените на ќерката на мојот народ.