Joel 1:13 — Compare Translations

4 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Препашете се со кострет, свештеници, и плачете; ридајте, служители на Светилиштето. Влезете и ноќевајте, служители на мојот Бог, во кострет, зашто во Домот на вашиот Бог нема веќе лебен принос и прелив.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Препашете се со вреќиште, свеште­ници, и плачете; ридајте, служители на светилиштето. Влезете и ноќевајте, слу­жители на мојот Бог, во вреќиште, заш­то во домот на вашиот Бог нема веќе лебен принос и прелив.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Свештеници, препашете вреќиште и плачете! Службеници на жртвеникот, тажете! Дојдете, преноќевајте во вреќиште, служители на мојот Бог! Зашто од Домот на нашиот Бог ги снема лебниот принос и налевницата!
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Препашете се со вреќиште, свеш­те­ници, и плачете; ридајте, служители на светилиштето. Влезете и ноќевајте, служители на мојот Бог, во вреќиште, зашто во домот на вашиот Бог нема ве­ќе лебен принос и прелив.