John 11:44 — Compare Translations

6 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
И излезе умрениот, завиткан во платно по рацете и нозете, а лицето забрадено со крпа. Им рече Исус: »Одвиткајте го и оставете го да оди!«
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
излезе умрениот, завиткан во платно по рацете и нозете; а лицето забрадено со крпа. Им рече Исус: „Одвиткајте го и оставете го да оди!“
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Умрениот излезе, завиткан со повои по рацете и нозете, а лицето му беше забрадено со крпа. Исус им рече: „Одвиткајте го и оставете го да оди!”
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Умрениот излезе, завиткан со повои околу нозете и рацете, а околу лицето му беше замотана шамија. „Одврзете го и пуштете го да оди!“ - им рече Исус.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
излезе умрениот, завиткан во платно по рацете и нозете; а лицето забрадено со крпа. Им рече Исус: „Одвиткајте го и оставете го да оди!“
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Умрениот излезе, обвиткан со погребни повои по нозете и по рацете; а лицето завиено со крпа. Исус им рече: „Разврзете го и оставете го да оди!“