John 19:31 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Бидејќи беше петок, Јудејците, за да не останат телата на крст во сабота, оти во таа сабота беше голем ден, го замолија Пилата да им ги прекршат колената и да ги симнат.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Бидејќи беше петок, Јудејците, за да не останат телата на крст во сабота, зашто во таа сабота беше голем ден, го замолија Пилат да им ги прекршат колената и да ги симнат.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Бидејќи беше ден на Подготовка, Јудејците, за да не останат телата на крстот во сабота - зашто таа сабота беше голем ден - го замолија Пилата да им ги скршат колената и да ги симнат.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Тој ден, петок, беше денот на подготовка за утрешниот празник Пасха, кој за Евреите претставува особено значаен празник. Затоа тие побараа од Пилат да им ги прекрши нозете на распнатите и да ги симне, за да не останат да висат телата распнати на крстовите и во саботата.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Бидејќи беше петок, Јудејците, за да не останат телата на крст во сабота, зашто во таа сабота беше голем ден, го замолија Пилат да им ги прекршат колената и да ги симнат.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Бидејќи беше петок, за да не останат телата на крст во сабота, зашто велик ден беше таа сабота, Јудејците го замолија Пилат да им ги прекршат колената и да ги симнат.