John 20:7 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
а крпата, што Му беше на главата Негова, не стоеше при повојот, туку одделно, свиткана на едно место.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
а крпата, што Му беше на главата негова, не стоеше кај повојот, туку одделно, свиткана на едно место.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
а крпата, што беше на Неговата глава, не беше заедно со повоите, туку беше свиткана одделно, на едно место.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
како и погребната шамија која беше употребена за завиткување на Исусовата глава. Шамијата не беше заедно со платното, туку беше одвоено свиткана на едно место.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
а крпата, што Му беше на главата негова, не стоеше кај повојот, туку одделно, свиткана на едно место.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
а крпата, што Му беше на главата, не лежеше со повоите, туку одделно свиткана на едно место.