John 21:20 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
А Петар, кога се заврти, виде дека по него оди оној, кого го милуваше Исус, и кој на вечерата се беше навалил на градите Негови и рекол: »Господи, кој ќе Те предаде?«
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
А Петар, кога се заврти, виде дека по него оди оној кого Исус го сакаше и кој на вечерата се беше навалил на градите Негови и прашуваше: „Господи, кој ќе Те предаде?“
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
А Петар кога се заврти, и виде дека по нив иде ученикот, кого Исус го љубеше, кој на вечерата се потпре врз Исусовите гради и рече: „Господи, кој ќе Те предаде?”
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Петар се сврте и виде дека ги следи ученикот што му беше љубимец на Исус. Тоа беше истиот оној ученик, кој за време на вечерата се беше навалил на Исусовите гради и Го беше прашал: „Господе, кој е тој што ќе Те предаде?“
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
А Петар, кога се заврти, виде дека по него оди оној кого Исус посебно го сакаше и кој на вечерата се беше навалил на градите Негови и прашуваше: „Господи, кој ќе Те предаде?“
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
А Петар, обѕрнувајќи се, виде дека по нив оди ученикот кого Исус го љубеше и кој на вечерата се беше навалил на Неговите гради и беше прашал: „Господи, кој е оној што ќе Те предаде?“