John 21:7 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Тогаш ученикот, што го сакаше Исус, му рече на Петра: »Господ е.« А Симон Петар, штом чу дека е Господ, си ја препаша облеката – оти беше необлечен, и се фрли во морето.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Тогаш ученикот, што го сакаше Исус, му рече на Петар: „Тоа е Господ!“ А Симон Петар, штом чу дека е Господ, си ја препаша облеката — зашто беше необлечен, и се фрли во морето.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Тогаш ученикот - кого Исус го љубеше - му рече на Петра: „Господ е.” Штом Симон Петар чу дека е Господ, си ја препаша облеката, зашто беше необлечен, и скокна во морето.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Тогаш, ученикот што му беше љубимец на Исус, му рече на Петар: „Тоа е нашиот Господ!“ Штом слушна дека тоа е Господ, Симон Петар се препаша со наметката што претходно ја беше соблекол, па скокна во езерото и почна да плива кон брегот.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Тогаш ученикот, што го сакаше Исус, му рече на Петар: „Тоа е Господ!“ А Симон Петар, штом чу дека е Господ, си ја препаша облеката – зашто беше необлечен, и се фрли во морето.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Ученикот, пак, кого Исус го љубеше, му рече на Петар: „Господ е!“ А Симон Петар, штом чу дека е Господ, си ја препаша облеката – зашто беше разголен, и се фрли во морето.