John 5:30 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Но Јас ништо не можам да правам Сам од Себе. Како што слушам, така и судам, и Мојот суд е праведен, оти не ја барам волјата Моја, а волјата на Отецот, Кој што Ме пратил.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Јас ништо не можам да правам Сам од Себе. Како што слушам, така и судам, и Мојот суд е праведен, зашто не ја барам Мојата волја, туку волјата на Отецот Кој Ме прати.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Јас ништо не можам да правам Сам од Себе; како што слушам, така судам, и Мојот суд е праведен, зашто не ја барам Мојата волја, туку волјата на Оној, Кој Ме прати.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Јас не можам ништо да направам самоволно. Судам онака како што Ми кажува небесниот Татко, и Мојот суд е праведен, зашто не постапувам самоволно, туку според волјата на Бог, Кој Ме прати.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Јас ништо не можам да правам Сам од Себе. Како што слушам, така и судам, и Мојот суд е праведен, зашто не ја барам Мојата волја, туку волјата на Отецот Кој Ме прати.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Јас ништо не можам да правам Сам од Себе. Како што слушам, така и судам и Мојот суд е праведен, зашто не ја барам Мојата волја, туку волјата на Отецот што Ме прати.