John 6:22 — Compare Translations
6 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Утредента наутро, народот, што стоеше од другата страна на морето, забележа оти таму немаше друг кораб освен еден, во кој влегоа учениците Негови, и дека Исус не влезе во коработ со учениците Свои, а тие сами заминаа.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Утредента наутро народот, што стоеше од другата страна на морето, забележа дека таму немаше друг кораб, освен еден, во кој влегоа учениците Негови, и дека Исус не влезе во коработ со учениците Свои, а тие сами заминаа.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Утреден, народот, што стоеше преку морето, виде дека таму немаше друго бротче освен едното и дека Исус не влезе во бротчето со Своите ученици, туку дека Неговите ученици отпловија сами.
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Следниот ден, многубројниот народ што остана од другата страна на езерото, забележа дека таму имаше само едно бротче, а знаеја дека Исус не влезе во него со учениците, туку тие заминаа без Него.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Утредента наутро народот, што стоеше од другата страна на морето, забележа дека таму немаше друг кораб, освен еден, во кој влегоа учениците Негови, и дека Исус не влезе во коработ со учениците Свои, туку само учениците негови заминаа.
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
Утредента народот, што стоеше од другата страна на морето, забележа дека таму немаше друг кораб, освен оној во кој влегоа Неговите ученици, и дека Исус не влезе во коработ со Своите ученици, туку Неговите ученици заминаа сами.