John 8:12 — Compare Translations

6 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
И пак им рече Исус, велејќи: »Јас сум Светлина на светот; кој врви по Мене, нема да оди во темнина, а ќе има светлина во животот.«
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И пак им рече Исус, велејќи: „Јас сум Светлината на светот; кој врви по Мене нема да оди во темнина, а ќе ја има светлината во животот.“
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Исус пак прозбори натаму, велејќи: „Јас Сум Светлината на светот; кој Ме следи, нема да оди во темнина, туку ќе ја има Светлината на Животот.”
Macedonian 1999 (MNT) (Динамичен Превод на Новиот завет на Македонски Јазик)
Подоцна, Исус повторно им зборуваше на фарисеите: „Јас сум Светлината на светот! Секој што ќе биде Мој следбеник ќе ја има животодавната Светлина и никогаш нема да талка во темнина!“
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
И пак им рече Исус, велејќи: „Јас сум Светлината на светот; кој врви по Мене нема да оди во темнина, а ќе ја има светлината во животот.“
Macedonian 2023 (Нов Превод на Новиот Завет 2023)
И повторно им рече Исус, велејќи: „Јас сум светлината на светот; кој врви по Мене, нема да оди во темнина, туку ќе ја има светлината на животот.“