Joshua 10:11 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
А кога бегаа од Израилците по падините на Веторонската планина, Господ фрлаше врз нив од небото големи камења до самиот град Азик, и тие умираа: умрените од камењата беа повеќе, отколку оние, што синовите Израилеви ги убија со меч во борбата.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
А кога бегаа од Израелците по падините на Веторонската планина, Господ фрлаше врз нив од небото големи камења до самиот град Азека, и тие гинеа: бројот на погинатите од камењата беше поголем, отколку на оние, што синовите Израелови ги убија со меч во борбата.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
А додека бегаа пред Израел по Веторонската Стрмина, Господ фрлаше од небото на нив град од камења сè до Азика, па гинеа. И загинаа повеќе од градот од камења, отколку што ги погубија Израелевите синови со своите мечеви.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
А кога бегаа од Израилците по падините на Веторонската планина, Господ фрлаше врз нив од небото големи камења до самиот град Азека, и тие гинеа: бројот на погинатите од камењата беше поголем, отколку на оние, што синовите Израилеви ги убија со меч во борбата.