Joshua 10:39 — Compare Translations

4 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
го презедоа него, царот негов и сите села негови, и го поразија со меч, и ги истребија нив и сѐ живо, што се наоѓаше во него: никого не остави жив; како што постапи со Хеврон и царот негов, со Левна и царот нејзин, така постапи и со Давир и царот негов.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
го презедоа него, царот негов и сите села негови, и го удрија со сечилото на мечот, и истребија сѐ живо, што се наоѓаше во него: никого не остави жив; како што постапи со Хеврон и неговиот цар, со Ливна и нејзиниот цар, така пос­тапи и со Давир и царот негов.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Го освоија и го разурнаа; ги истепаа со острилото на мечот неговиот цар и жителите на околните места. Сето негово население му го врачија на проклетото уништување. Не поштедија никого. И Исус направи со Давир и со неговиот цар како што направи со Хеврон и со неговиот цар, со Ливна и со неговиот цар.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
го презедоа него, царот негов и сите села негови, и го удрија со сечилото на мечот, и ги истребија нив и сѐ живо, што се наоѓаше во него: никого не ос­тави жив; како што постапи со Хеврон и неговиот цар, со Ливна и нејзиниот цар, така постапи и со Давир и царот негов.