Joshua 12:2 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Сион, аморејскиот цар, кој живееше во Есевон и владееше од Ариор, што е кај бреговите на потокот Арнон, кон средината на потокот, и половината Галад, до потокот Јавок, предели на синовите амонитски;
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Сихон, аморејскиот цар, со престолнина во Есевон, и со власт што се протега од Ароер, што се наоѓа крај бреговите на потокот Арнон, до средината на потокот, и половината Галаад, до потокот Јавок, кој е граница со Амоновите синови;
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Сион, аморејски цар, кој престолуваше во Есевон; неговото царство се тегнеше од Ароир, што лежи на работ на долината на потокот Арнон, по средината на долината и половина од Галад па до потокот Јавок, каде што граничеше со Амонците;
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Сион, аморејскиот цар, со престолнина во Есевон, и со власт што се протега од Ароер, што се наоѓа крај бреговите на потокот Арнон, до средината на потокот, и половината Галаад, до потокот Јавок, кој е граница со Амоновите синови;