Joshua 12:7 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
А ова се царевите аморејски, кои ги прази Исус и синовите Израилеви од онаа страна на Јордан на запад, крај морето Валгад во Ливанската долина до планината Алок, која се протега кон Сеир, и чија земја Исус им ја даде во наследство на племињата Израилеви со жреб;
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
А ова се царевите, кои ги победи Исус и синовите Израелови од онаа страна на Јордан на запад, од Ваал-Гад во Ливанската долина до планината Халак, која се протега кон Сеир, и чија земја Исус им ја подели во наследство на племињата Израелови со ждрепка;
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
А ова се земните цареви што беа победени од Исуса и од Израелевите синови од оваа страна на Јордан кон запад, од Вал Гад во Ливанската Рамница па до гората Алак, што се издига кон Сир, а таа земја Исус им ја даде во наследство на Израелевите племиња според нивните делови,
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
А ова се царевите (аморејски), кои ги победи Исус и синовите Израилеви од онаа страна на Јордан на запад, од Ваал-Гад во Ливанската долина до планината Халак, која се протега кон Сеир, и чија земја Исус им ја подели во наследство на племињата Израилеви со ждрепка;