Joshua 17:11 — Compare Translations

4 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
На Манасија му припаднаа меѓу Исахар и Асир, Ветсан со селата негови, Јевлам и селата негови, жителите на Дор и потчинетите му села, жителите на Ендор и потчитените му села, жителите на Магед и потчинетите му села, и жителите во Танах, и селата негови, и трет дел од Нафет и селата негови.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
На Манасија му припаднаа меѓу Исахар и Асир, Бет-Шан со селата негови, Јивлеам и селата негови, жителите на Дор и неговите села, жителите на Ен-Дор и неговите села, жителите на Таанах и неговите села, и жителите на Мегидо, и неговите села, три висорамнини.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
На Манасиј му припаѓаа во Исахар и во Асир; Вет-Сан со своите села, Ивлеам со своите села, жителите на Дор со своите села, жителите на Мегид со своите села; и така: три подрачја.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
На Манасија му припаднаа меѓу Исахар и Асир, Бет-Шан со селата негови, Јивлеам и селата негови, жите­лите на Дор и неговите села, жителите на Ен-Дор и неговите села, жителите на Таанах и неговите села, и жителите на Мегидо, (и неговите села), три висорамнини.