Joshua 19:47 — Compare Translations

4 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Тогаш Дановите синови кренаа војска против Ласем, го презедоа и го поразија со меч, завладувајќи го и се населија во него, и Ласем го нарекоа Ласемдан, според името на таткото свој Дан. Аморејците останаа да живеат во Елом и Саламин, но раката Ефремова ги надви и тие станаа негови поданици.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Но делот на Дановите синови беше мал за нив и тие кренаа војска против Лешем, го презедоа и сите ги убија со сечилото на мечот, го завладеаја градот и се населија во него, и Лешем го нарекоа Дан, според името на предокот свој Дан.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Ама подрачјето на Дановите синови беше претесно за нив; затоа Дановите синови удрија на Лесем, го освоија и погубија сè со острилото на мечот, и Лесем го нарекоа Дан, по името на Дан, својот татко.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Но делот на Дановите синови беше мал за нив и тие кренаа војска против Лешем, го презедоа и сите ги убија со сечилото на мечот, го завладеа градот и се населија во него, и Лешем го нарекоа Дан, според името на предокот свој Дан. (Аморејците останаа да живеат во Елом и Саламин, но раката Ефремова ги надви и тие станаа негови поданици).