Joshua 24:31 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
И го погребаа во пределите на делот негов во Тамна Сахар, во Ефремовата гора, на север од планината Гаас. И ги ставија таму со него во гробот, во кој што го погребаа, камените ножеви, со кои Исус ги беше обрезал Израилевите синови во Галгал, кога ги изведе од Египет, како што беше заповедал Господ; и тие се таму дури до денес.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И Му служеше Израел на Господ во сите денови Исусови, и во сите денови на старешините, кои го поминаа времето со Исус и кои ги видоа сите дела што му ги направи на Израел.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Израел му служеше на Господа во текот на целиот век на Исуса и во текот на целиот век на старешините, кои го надживееја Исуса и кои ги видоа сите дела што ги направи Господ за Израел.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
И го погребаа во пределите на делот негов во Тимнат-Серах, во Ефремовата Гора, на север од планината Гааш. (И го ставија таму со него во гробот, во кој ги погребаа камените ножеви со кои Исус ги беше обрезал Израилевите синови во Гилгал, кога ги изведе од Египет, како што му беше заповедал Господ; и тие се таму дури до денес).