Joshua 3:17 — Compare Translations

4 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
А народот стоеше спроти Јерихон; кога пак свештениците, што го носеа ковчегот на заветот Господов, застанаа на суво среде Јордан, тогаш и сите синови Израилеви преминуваа на суво, додека целиот народ не го премина Јордан.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
А народот премина спрема Ерихон. А, свештениците што го носеа ковчегот на заветот Господов, застанаа на суво среде Јордан. И сите синови Израелови преминуваа на суво, додека целиот народ не го премина Јордан.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Свештениците, кои го носеа Ковчегот на Господовиот Завет, стоеја на суво среде Јордан, и Израел поминуваше по суво, сè додека сиот народ не помина преку реката.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
А народот премина спрема Ерихон. А, свештениците што го носеа ковчегот на заветот Господов, застанаа на суво среде Јордан. И сите синови Израилеви преминуваа на суво, додека целиот на­род не го премина Јордан.