Joshua 7:1 — Compare Translations

4 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Но синовите Израилеви направија голем грев и зедоа од заколнатото. Ахан, синот на Хармија, син на Завдија, Заров син од Јудиното племе, зеде од заколнатото, и гневот Господов се разгори против синовите Израилеви.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Но синовите Израелови направија грев и зедоа од проколнатото. Ахан, синот на Карми, син на Завдиј, Зерахов син од Јудиното племе, зеде од проколнатото, и гневот Господов се разгори против синовите Израелови.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Но Израелевите синови згрешија тешко во „херемот” (проклетство), зашто Ахан, син на Хармиј, син Завдиев, син Зарин, од Јудиното племе, зеде од проколнатите работи, и Господ се разгневи на Израелевите синови.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Но синовите Израилеви направија голем грев и зедоа од проколнатото. Ахан, синот на Карми, син на Завдиј, Зерахов син од Јудиното племе, зеде од проколнатото, и гневот Господов се разгори против синовите Израилеви.