Joshua 7:21 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
меѓу предметите пленети видов една убава и добра облека, и две дидрахми сребро и еден сосуд од злато, со вредност од педесет дидрахми; тоа ми се свиде и јас го зедов; и, ете, тоа е сокриено во земјата во домот мој, и среброто е сокриено под него.«
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
меѓу запленетите предмети видов една убава облека од Сенаар и двесте шекели сребро и една златна шипка, со вредност од педесет шекели; тоа ми се допадна и јас го зедов; и, ете, тоа е закопано во земјата среде мојот шатор, а среброто е под него.“
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
видов во пленот убава вавилонска наметка, две стотини сикли сребро и златна плоча што тежи педесет сикли, па се полакомив и ги зедов за себе. Ене сè е закопано среде мојот шатор, а среброто е одоздола.”
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
меѓу запленетите предмети видов една убава облека од Сенаар и двесте шекели сребро и една златна шипка, со вредност од педесет шекели; тоа ми се допадна и јас го зедов; и, ете, тоа е закопано во земјата среде мојот шатор, а среброто е сокриено под него.“