Judges 10:17 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Амонитите, пак, се собраа и се сместија, се улогорија во Галад; исто така се собраа и Израилевите синови и се улогорија во Масифа.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Амонците, пак, се собраа и се сместија, поставија логор во Галаад; исто така се собраа и Израеловите синови и поставија логор во Мицпа.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Кога Амонците се собраа и се влогорија во Галад, се собраа и Израелците и се влогорија во Миспа.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Амонците, пак, се собраа и се сместија, поставија логор во Галаад; исто така се собраа и Израилевите синови и поставија логор во Мицпа.