Judges 16:14 — Compare Translations

4 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
И го успа Далида на колената свои. И кога тој заспа, Далида зеде седум перчиња од косата на главата негова, ги приви на вратилото и со колец ги притегна на камен и му рече: »Филистејците идат против тебе, Самсоне!« Тој се разбуди од сонот и го извлече кросното сплеткано од основата и вратилото, и пак не се дозна за силата негова.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И кога тој заспа, Далила зеде седум перчиња од косата на главата негова, ги приви на вратилото и со колец ги притегна на камен и му рече: „Филис­тејците одат против тебе, Самсоне!“ Тој се разбуди од сонот и го извлече кросното сплеткано од основата и вратилото.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Таа го заспа и отка седум плетеници од неговата коса во ткајачкиот разбој, заби клин и му викна: „Ете се Филистејците врз тебе, Самсоне!” Тој се разбуди и ги истрга и клинот и ткајачкиот разбој.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
(И го успа Далила на колената свои.) И кога тој заспа, Далила зеде седум перчиња од косата на главата негова, ги приви на вратилото и со колец ги притегна на камен и му рече: „Филистејците одат против тебе, Сам­соне!“ Тој се разбуди од сонот и го из­влече кросното сплеткано од основата и вратилото, (и пак не се дозна за силата негова).