Judges 19:30 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Секој, што го виде тоа, велеше: »Не станало и не се видело такво нешто од денот, кога Израилевите синови излегоа од Египетската земја до денес.« И им рече на луѓето што ги испрати: »Така зборувајте по сиот Израил: станало ли такво нешто? Размислете за тоа, посоветувајте се и кажете!«
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
И им рече на луѓето што ги испрати: „Така зборувајте по сиот Израел: Дали се случило или сте виделе вакво нешто досега од денот кога Израеловите синови излегоа од египетската земја? Затоа размислете за тоа, посоветувајте се и кажете!“
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
И секој што виде, рече: „Вакво нешто не се случило од денот кога Израелците излегоа од Египет до денешниот ден. Треба за тоа да се размисли, да се посоветува и да се зборува.”
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Секој што го виде тоа велеше: „Вакво нешто не се случило и не се видело од денот, кога Израилевите синови излегоа од египетската земја до денес.“ (И им рече на луѓето што ги испрати: „Така зборувајте по сиот Израил: Дали се случило или сте виделе вакво нешто досега?“) „Затоа размислете за тоа, посоветувајте се и кажете!“