Judges 20:48 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
А Израилците се вратија кај синовите Венијаминови и ги поразија со меч – и луѓето од градот, и добитокот, и сѐ, што се среќаваше во сите градови, и со оган ги изгореа сите градови што се наоѓаа по патот.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
А Израелците се вратија кај синовите Венијаминови и ги поразија со меч, и луѓето од градот, и добитокот, и сѐ што имаше останато, и со оган ги изгореа сите градови што се наоѓаа по патот.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Потоа Израелевите луѓе им се вратија на Венијаминците, ги исекоа со остри мечеви мажите во градовите, добитокот и сè што се нашло; и ги изгореа со оган сите градови што ги најдоа во Венијамин.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
А Израилците се вратија кај синовите Венијаминови и ги поразија со меч, и луѓето од градот, и добитокот, и сѐ што имаше (во сите градови), и со оган ги изгореа сите градови што се наоѓаа по патот.