Judges 7:24 — Compare Translations

4 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
А Гедеон испрати пратеници по целата гора Ефремова да кажат: »Излезете им во пресрет на Мадијамците и заземете им ги бродовите во водите на Ветир и Јордан.« И беа повикани сите Ефремовци, и ги зазедоа бродовите во водите на Ветир и Јордан;
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
А Гедеон испрати гласници по целата Гора Ефремова да кажат: „Из­ле­зете им во пресрет на Мидјаните и заземете им ги премините во водите на Јордан до Бет-Бара.“ И беа повикани сите Ефремци, и ги зазедоа премините во водите на Јордан до Бет-Бара;
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Гедеон испрати вестители по целата Ефремова Гора да зборуваат: „Слезете пред Мадијамците и заземете ги пред нив сите градови до Вет-Вара и до Јордан.” Сите луѓе од Ефремовото племе се одѕваа и ги зазедоа бродовите на водата до Вет-Вара и до Јордан.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
А Гедеон испрати гласници по целата Гора Ефремова да кажат: „Из­лезете им во пресрет на Мидјаните и заземете им ги премините во водите на Јордан до Бет-Бара.“ И беа повикани сите Ефремовци, и ги зазедоа премините во водите на Јордан до Бет-Бара;