Lamentations 1:20 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Погледај, Господи, оти сум притеснет, утробата моја се буни, срцето ми се превртува, бидејќи жестоко се противев на Тебе; однадвор меч ме остави без чеда, а дома – смрт.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Погледај, Господи, во каква мака сум, утробата моја трепери, срцето ми се превртува, бидејќи жестоко се противев на Тебе; однадвор меч ми ги покоси децата, а дома — смрт.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Погледај, Господи, во каква тешкотија сум, мојата утроба трепери, срцето ми се згрчува во градите, зашто јас упорно ти се противев! Надвор мечот ги покоси моите синови, а внатре смрт.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
Погледај, Господи, во каква мака сум, утробата моја трепери, срцето ми се превртува, бидејќи жестоко се противев на Тебе; однадвор меч ми ги покоси децата, а дома – смрт.