Leviticus 13:34 — Compare Translations

4 translations compared side by side

Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
Во седмиот ден свештеникот одново да ја прегледа раната. Па, ако увиди дека таа не се проширила по кожата на острижените места и дека на навлегла подлабоко во кожата, болниот нека го прогласи за чист; а тој нека ја испере облеката своја и ќе биде чист.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Во седмиот ден свештеникот одново да ја прегледа ќелата. Па, ако увиди дека таа не се проширила по кожата и дека не навлегла подлабоко во кожата, болниот нека го прогласи за чист; а тој нека ја испере облеката своја и ќе биде чист.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
На седмиот ден свештеникот нека го прегледа пак јадежливото место. Ако јадежот не се проширил по кожата, и изгледа дека не е подлабок од кожата, свештеникот нека го прогласи болниот за чист. Тој нека ја испере својата облека и ќе биде чист.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))