Leviticus 4:7 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
А потоа свештеникот со таа крв нека ги помаже роговите на жртвеникот, на кој се кади со благопријатен мирис пред Господа, Кој е во скинијата на сведоштвото, а остатокот од крвта на телето нека го излие во подножјето на жртвеникот за жртви сепаленици, кој е при влезот во скинијата на сведоштвото.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
А потоа свештеникот со таа крв нека ги помаже роговите на жртвеникот, на кој се кади со благопријатен мирис пред Господ, Кој е во скинијата на собранието, а остатокот од крвта на телето нека го излее во подножјето на жртвеникот за жртви сепаленици, кој е кај влезот од скинијата на собранието.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Свештеникот нека ги помаже со крвта роговите на жртвеникот за благомирисливо кадење, што се дими пред Господа во Шаторот на средбата. Сета останата крв нека ја излее во подножјето на жртвеникот за паленици, што се наоѓа при влезот во Шаторот на средбата.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
А потоа свештеникот со таа крв нека ги помаже роговите на жртвеникот, на кој се кади со благопријатен мирис пред Господ, Кој е во скинијата на собранието, а остатокот од крвта на телето нека го излее во подножјето на жртвеникот за жртви сепаленици, кој е при влезот од скинијата на собранието.