Leviticus 5:10 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
А од другото нека направи жртва сепаленица, како што треба; а свештеникот нека се помоли поради гревот негов, што го направил, и ќе му биде простено.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
А од другото нека направи жртва сепаленица, како што треба; и така свештеникот ќе го ослободи од гревот негов, што го направил, и ќе му биде простено.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
А другото нека го принесе како паленица, според прописот; и така свештеникот ќе направи да биде покриен неговиот грев, со кој згрешил, и ќе му биде простено.’
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
А од другото нека направи жртва сепаленица, како што треба; и така свештеникот ќе го ослободи од гревот негов, што го направил, и ќе му биде простено.