Leviticus 6:20 — Compare Translations
4 translations compared side by side
Macedonian (Свето Писмо (Гаврилова) 1990)
»Тоа е дарот од Арона и синовите негови што ќе Му го принесуваат на Господа во оној ден кога ќе биде помазан: десетти дел од мерката ефа пченично брашно како постојана жртва, половина за наутро, а другата половина за навечер.
Macedonian (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Сѐ што ќе се допре до месото нејзино ќе се освети; а ако некој ја испрска облеката своја со крвта нејзина, оној дел што ќе биде испрскан нека го испере на свето место.
Macedonian 1999 (MKB) - (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
„Арон и неговите синови, на денот на нивното помазание, нека Му го принесат на Господа овој принос: десетина ефа од чисто пченично брашно како редовен лебен принос, половина наутро, а половина навечер.
Macedonian 2006 D - (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со Девтероканонски Книги))
„Тоа е дарот од Арон и синовите негови што ќе Му го принесуваат на Господ во оној ден кога ќе биде помазан: една десетина од ефа пченично брашно како постојана жртва, половина за наутро, а другата половина за навечер.